Skip to main content

Делови од Кисела Вода и Илинден утре без струја, делови од Центар и Гази Баба без вода

Дел од корисниците на улицата „Киро Крстевски Платник“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата „Киро Крстевски Платник“ број 6.

Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата „36“ бр. 12 во село Трубарево утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од селото Трубарево, општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со интервенциите.

Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „500“ на потегот од број 24 до број 45 во село Марино, општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Поврзани вести