
Перењето алишта е секојдневна обврска, но ретко кој размислува колку струја се троши притоа. Експертите истакнуваат дека со неколку едноставни промени можете значително да ја намалите потрошувачката на електрична енергија, а истовремено облеката да ви остане еднакво чиста и свежа.
Перете на пониски температури
Најмногу струја троши загревањето на водата. Ако наместо на 60 степени, перете на 30 или 40, потрошувачката на струја може да биде и до 40 отсто помала, а повеќето модерни детергенти еднакво добро ги отстрануваат дамките и на пониски температури.
Наполнете ја машината до крај
Полупразната машина троши исто толку струја колку и полната. Затоа, важно е секогаш да го полните барабанот до препорачаниот капацитет. Така, ќе го намалите бројот на перења и ќе заштедите струја и вода.
Користете програми за заштеда на струја
Современите машини имаат опции како „еко“ програми кои траат подолго, но трошат значително помалку струја и вода. Иако перењето трае подолго време, вкупната потрошувачка е помала.
Одбегнувајте ја сушарата кога можете
Сушарата е еден од најголемите потрошувачи во домаќинството. Кога и да можете, сушете ја облеката природно, на воздух или во просторија со добар провев.
Редовно одржувајте ја машината
Чистата машина функционира поефикасно. Редовно отстранувајте го бигорот и чистете ги филтрите, бидејќи неодржуваната машина троши повеќе енергија и може да си го скрати својот век на траење.
Доколку ги воведете овие пет едноставни трикови во секојдневната рутина, не само што ќе ја намалите сметката за струја и до 30 отсто, туку и ќе ѝ го продолжите животниот век на својата машина за алишта. Малите промени во навиките можат да донесат голема заштеда на подолг рок.