Skip to main content

Децата родени во април се навистина посебни

Фрипик

Досегашните истражувања покажале дека некои особини навистина зависат од месецот на раѓање, а еве што кажува тоа за оние кои се родени во април.

Љубопитни се

Сакаат да знаат сè, постојано учат нешто ново, но не се наметнуваат и не им пречат на другите луѓе – си ја гледат својата работа. Не се плашат да покажат дека се љубопитни и оваа карактеристика им помага да станат паметни и успешни.

Самоуверени

Поради оваа нивна карактеристика, луѓето сметаат дека Биковите и Овните се многу себични, агресивни, па дури и безобразни, но тоа не е вистина. Тие се многу добри и чувствителни, но ретко го покажуваат тоа.

Без разлика дали станува збор за некоја книга, хоби, работа – она што ги интересира го прават со многу љубов. Со леснотии ја наоѓаат работата од нивните соништа и постигнуваат успех.

Не се плашат да се соочат со проблемите

Не се плашат да си го кажат своето мислење, секогаш ќе го кажат она што прво ќе им дојде на памет и поради тоа влегуваат во конфликти.

Имаат позитивен поглед кон светот

Студентите од еден универзитет во Унгарија спровеле истражување и откриле дека децата родени во март, април и мај се попозитивни и поголеми оптимисти. Се разбира, ова зависи и од местото на живеење, но најмногу важи за децата родени во држави кои имаат суви и сончеви лета, а студени зими.

Тие се лидери

Според истражувањето од Универзитетот во Британска Колумбија, децата родени во март и април напредуваат побрзо во кариерата, за разлика од оние родени во летните месеци. Научниците ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 фабрики, во периодот од 1992-ра и 2009-та година, и дошле до заклучок дека најголемиот дел од нив се родени во март и април.

Имаат помал ризик од астма

Едно истражување покажало дека луѓето кои го слават нивниот роденден во пролет, имаат помал ризик од астма. Најверојатно причината е тоа што тие се изложени на типичните алергени во првите два месеци од животот, а ова може значително да го зајакне нивниот имунитет.

Имаат помал ризик од хиперактивно нарушување

Едно истражување покажало дека хиперактивното нарушување почесто се дијагностицира кај луѓето родени подоцна во годината.

Поврзани вести