Skip to main content

Старите верувале дека овие појави ја претскажуваат иднината – ако во домот се скрши чаша, тоа навестува среќа

sara ghasemi / Unsplash

Во нашиот народ, од дамнешни времиња постои верување дека одредени појави можат да претскажат настани што допрва треба да се случат. Постојат бројни непишани правила кои се пренесуваат од колено на колено и, наводно, носат среќа или несреќа.

Во зависност од тоа колку сте суеверни, веројатно и самите следите некои од тие „правила“ – свесно или несвесно.

Колку пати сте слушнале реченици како: „Помести се од место“ или „Чукни во дрво“? Во продолжение ви пренесуваме некои од најнеобичните, но и најпознатите народни верувања, во кои многумина сè уште веруваат.

  1. Не оставај неиспиен пијалак на гости, така им оставаш караница во домот.
  2. Кога ластовичка прави гнездо на покрив од куќа, ќе донесе мир и спокој во таа куќа.
  3. Тоа што ќе го сонуваш првата ноќ во новиот стан, ќе ти се исполни. Исто така, кога првпат спиеш во туѓ кревет, запомни што си сонувал и тоа ќе ти се исполни.
  4. Ако уште рано изутрина ти се случи некоја непогода, не започнувај ништо важно тој ден.
  5. Во домот каде што масата се ниша, жената го има главниот збор.
  6. Кога гостинот ќе излезе од домот, без воопшто да седне, се верува дека го однел мирот од куќата. Исто така, ако има женски деца во домот, гостинот треба да седне барем на пет минути.
  7. Скршена чаша – ако во домот се скрши чаша, тоа навестува среќа.
  8. Кога првпат ќе земете бебе во раце, замислете си желба. За една година, желбата ќе ви се исполни.
  9. Јајце со две жолчки значи дека некој наскоро ќе се венча, црни точки на жолчката се лош знак, додека јајцето без жолчка претставува многу лош знак и голема несреќа.
  10. Кога ќе видиш пајак на себе, на облеката, те очекува ненадејна среќа.
  11. Ако гавран лета над твојата куќа и притоа грака, чувај се од несреќа.
  12. Кога ќе му помогнеш на куче, мачка или кое било друго животно во неволја, добрината ќе ти се врати со добро.
  13. Изеди ја првата темјанушка што ќе ја најдеш напролет и твоите најмили ќе те сакаат цела година.
  14. Истурено кафе – ако се истури кафе дома, тоа значи парична добивка.
  15. Не е добро да го менувате свршеничкиот прстен, за да не ви се преврти животот наопаку.
  16. Ако туѓо куче ви дојде пред врата и лае, тоа е предзнак за среќа и не треба да го бркате кучето.
  17. Ако ви падне нож, ќе ви дојде некој маж дома. Ако ви падне виљушка, ќе ви дојде некоја жена.

Поврзани вести