Можеби една од најпривлечните плажи во Југоисточна Европа, „Златен рог“ кај Сплит, Хрватска, се соочува со драматични промени…
Последните неколку месеци плажата го загуби својот препознатлив облик, а луѓето кои живеат во таа област сметаат дека прекумерното присуство на странци, посетители и туристичкиот сообраќај се главните причини за овој проблем, објави „Кликс“.
Тамошните жители се загрижени за масовниот туризам и одлучија активно да учествуваат во заштитата на ова природно богатство. Како дел од решението е тоа што мештаните почнаа и петиција за ограничување на пловењето крај брегот во текот на летната сезона.