Skip to main content

Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно и загинаа – емотивна исповед на учителтката Елена

Драги деца, не можам да им верувам на сопствените очи и уши дека веќе го нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX V кога јас бев ваш учител, моментот кога седевте на иста клупа, напиша нивната наставничка.

Николче, мило дете, со твојата слатка насмевка и посветеност, секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми одѕвонува во уши твоето рецитирање на песната „Која ја љубев Дениција“ што ја вежбав за училишна активност.

Ах ах ах, Матејче пристигнуваше во понеделник и следствено секој ден кога излегував од училницата ме испраќаше од училницата со зборовите „Убав викенд наставничке“ иако викендот беше далеку!

Па, викендов ми беше најлошиот викенд затоа што слушнав за кобната случка и уште покобното сознание дека многу мали деца и нечии мили деца повеќе нема да бидат со нас! Патувајте мирно кај ангелите, Господ Бог да ве прими во царството небесно и да продолжите да ширите позитивна енергија на ангелите!

Патувајте безгрижно до вашиот нов дом, бидејќи ние за вас имавме и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуваат како што и вашата шрисутност меѓу најблиските! – стои во статус



Поврзани вести