
За да ја регулираат тежината, некои луѓе практикуваат периодичен пост, автофагија или гладување за време на месечевите мени. Но понекогаш тешко е да се одржи контролата. Всушност, чувството на глад не е константно, туку се појавува во бранови. Ако почувствувате глад, почекајте малку додека помине чувството или консумирајте намирници што го намалуваат апетитот.
Овие 5 природни производи ќе ви го намалат апетитот…
- Вода
Сигурно повеќепати сте слушнале дека подобро е да го започнете денот со чаша вода. Прво, го хидрира телото, а второ – го намалува апетитот. Исто така, корисно е да испиете чаша вода пред секој оброк. Ако сакате да ги смирите грчевите во стомакот, подобро е да пиете минерална вода. - Цимет
Овој зачин не само што го намалува гладот, туку и помага во прочистувањето на желудникот, го снижува нивото на шеќерот во крвта и го забрзува процесот на слабеење. Ова се само некои од корисните својства на циметот. Додајте малку цимет во чајот или кафето, ќе добиете интересен вкус, а вие ќе почувствувате огромни здравствени придобивки. - Зелен чаj
Оваа напивка содржи многу корисни антиоксиданси и полифеноли. Зелениот чај е неопходен за оние кои се на диета и сакаат да ослабат – резултатите ќе бидат неверојатни. - Чиа-семе
Чиа-семето содржи многу растворливи хранливи влакна, како и омега-3 масни киселини. Ставете малку чиа-семе во чаша вода – по половина час, течноста ќе стане желатинеста и може да се користи за правење вкусни пудинзи. Семето може да се консумира и суво. Одберете го методот што најмногу ви одговара. - Кафe
Некои луѓе веруваат дека кофеинот го намалува гладот, но истражувањата покажуваат дека антиоксидансите ја вршат оваа функција. Природното кафе е многу здрава напивка и нема сериозни причини за да се откажете од него. Покрај тоа, кофеинот во кафето ги забрзува метаболичките процеси, што го поттикнува ефикасното согорување на мастите.