Skip to main content
oknWNISvYV4

Сусам салата за 15 минути

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г сусам,
200 г кашкавал,
400 г кисела павлака,
300 г шунка

Постапка: колку што можете поситно исечкајте ја шунката. Кашкавалот изрендајте го, или ситно исечкајте го со помош на „сечко“ или рачно. Сусамот кратко пропржете го во сува тава колку да замириса и сосем малку да ја промени бојата. оставете го да излади.

Во подлабок сад измешајте ги сите состојки: шунката, кашкавалот и изладениот сусам, а на крај додајте ја киселата павлака. Добро измешајте додека сите состојки рамномерно се изедначат. Пред сервирање изладете ја салатата неколку часа во фрижидер.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

180 г тестенини
250 г пилешки гради-салама
5 лажици сусам (истостиран/пропржен во сува тава колку да замириса)
5 кисели краставички
400 г милерам или кисела павлака
100 г мајонез
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

Сварете ги тестенините во солена вода (2/3 лажичка), 7-8 минути од моментот на зовривање. Сварените тестенини исцедете ги и оставете да се изладат.

Повремено промешајте ги да не се залепат и додека се топли ставете сосем малку путер да се растопи во нив и промешајте за да се распореди.

За тоа време краставичките исечкајте ги на ситни коцки и изрендајте ги пилешките гради/пилешка салама или нешто по ваш избор. Потоа додадете ги оладените тестенини, милерам или кисела павлака, мајонезот, сусамот и 1/3 лажичка сол.

Сè убаво измешајте и послужете или чувајте го затворено во фрижидер до сервирање.