Skip to main content

Миризливо слатко од дуњи

Magnific

Мирисно, со златножолта боја и парчиња овошје во густ шеќерен сируп, слаткото од дуњи е вистински класик што потсетува на традиционалната домашна кујна. 

Состојки:

  • 2,8 кг дуњи (околу 7 парчиња, пред чистење)
  • 1,4 кг шеќер
  • 400 мл вода
  • 4–5 тркалца лимон


Подготовка:

Дуњите измијте ги и добро истријте ги со сунѓер за да ги отстраните нечистотиите. Ставете ги во поголемо тенџере, прелејте ги со ладна вода и загрејте ги до зовривање. Веднаш извадете ги со решеткаста лажица и прелејте ги со ладна вода.

Додека се уште топли, излупете ги, исчистете ги од семките и сите нечисти делови, па исечете ги на коцки. Измерете ги исчистените дуњи – од наведената количина треба да добиете околу 1,4 кг.

Во поголемо тенџере ставете ги шеќерот и водата. Откако сирупот ќе зоврие, варете го околу 10 минути, повремено отстранувајќи ја пената. Додајте ги коцките дуњи и варете 10–15 минути, без често мешање. Повремено протресувајте го тенџерето за да останат парчињата цели.

Пред крајот додајте гo лимонот. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го слаткото малку да се излади, па соберете го во чисти, соодветно стерилизирани тегли. Затворете ги и чувајте ги на ладно и темно место.

Совет:

За убаво, бистро слатко со цели парчиња дуњи, избегнувајте често мешање со лажица. Наместо тоа, нежно протресувајте го тенџерето додека се варат.

Поврзани вести