Skip to main content

Компот од дуњи – старински домашен напиток со прекрасен мирис и нежен вкус

Magnific

Компотот од дуњи е старински домашен напиток со прекрасен мирис и нежен вкус. Со малку цимет, ванила и лимон, дуњите стануваат уште повкусни, а компотот е подеднакво убав и топол и добро изладен.

Потребни состојки:

  • 2 дуњи
  • 800 мл вода
  • 50 г шеќер или по вкус
  • 1 парче лимон
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 прстофати мелен цимет или 1 стапче
  • 10 каранфилчиња (по желба)

Подготовка:

Дуњите добро истријте ги со сунѓер за да ги отстраните ситните влакненца. Измијте ги, излупете ги и исечете ги на четвртини, па на осмини. Отстранете ги семките и тврдиот средишен дел, па исечете ги на коцки. Лушпите и средишниот дел со семките ставете ги во тенџере, прелијте ги со водата и варете ги на тивок оган 20–30 минути. Потоа процедете ја течноста и зачувајте ја.

Во процедената течност додајте ги исечените дуњи, шеќерот, ванилиниот шеќер, парчето лимон, циметот и каранфилчињата. Варете на тивок оган околу 30 минути, додека дуњите омекнат. По десетина минути пробајте и, доколку е потребно, додајте уште шеќер.

Оставете го компотот да се излади, па послужете го топол или добро разладен. Лушпите и средишниот дел со семките се богати со пектин, кои му дава на компотот природна густина и убава текстура.