Skip to main content

Сендвич со тиквички што го освои интернетот

Ако барате идеја за лесен, вкусен и здрав оброк – мора да го пробате овој сендвич!

Без леб и брашно, а вкусно е како најкремливиот ролован тост што некогаш сте го пробале. Брзо се приготвува, полн е со нутритивни состојки и совршен е за ручек или вечера – рецепт од кујната на marina_fidgym.

Состојки:
1 тиквичка
рендан кашкавал
1 варено јајце
грчки јогурт
сенф
зачини по избор
мисиркини гради
домат


Приготвување:

Исечкајте тиквичка на тенки ленти.

Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Пригответе мачканица од варено јајце, сенф, грчки јогурт и зачини по избор.

Премачкајте ги тиквичките со мачканицата и додајте мисиркини гради.

 Ставете домат, завиткајте во ролат и уживајте!

Погледнете ги подеталните упатства во видеото во продолжение…Посипете рендан кашкавал и печете ги на 200 степени Целзиусови додека заруменат. Превртете ги кога ќе се оладат малку.

    Поврзани вести