Skip to main content

Рецепт за здрава бајадера

Овој рецепт за здрава бајадера не вклучува класични состојки како што се шеќер, млеко, бисквити и маргарин:

1 и пол шолја лешници или бадеми претходно натопени во вода преку ноќ

1 шолја суви урми

1 лажица какао во прав

2 шолји индиски ореви или пињоли

1/2 шолја вода

4 лажици сируп од агаве

5 лажици кокосово масло

1 лажица ванила

1/2 шолја какао путер

2 лажици какао во прав

3 лажици сируп од агаве или кокосов шеќер

Подготовка

Крупно измелете ги бадемите, потоа додадете ги урмите и какаото и миксирајте додека да се соединат.

Потоа ставете ја смесата на дното од калап обложен со хартија за печење и добро притиснете за да формирате кора.

Измиксирајте ги сите состојки за крем додека смесата да стане густа и мазна.

Со кремот прелијте ја кората и ставете го колачот во фрижидер.

Потоа растопете го какао путерот на пареа, измешајте го со другите состојки и енергично мешајте, па со тоа прелијте го приготвениот колач и вратете го во фрижидер.

Поврзани вести