Skip to main content

Потица е познат и на многумина омилен словенечки десерт

Потица е познат и на многумина омилен словенечки десерт. Тоа е богат и ароматичен
десерт кој е незаменлив на празничните трпези, но и во сите други пригоди. Станува збор
за традиционално полнето тесто кое се витка во ролат и се пече во карактеристична
форма. Уживајте!

Потребно:
500 гр брашно
25 гр свеж квасец
250 мл млеко
100 гр шеќер
100 гр путер
2 јајца
Прстофат сол
За филот:
200 гр мелени ореви
200 гр суво овошје (суво грозје, брусница или слично)
100 гр мак (по избор)
3 супени лажици мед
Подготовка: Измешајте го квасецот со малку млеко и шеќер. Нека се активира. Се
замесува тесто со брашно, млеко, квасец, путер, јајца и сол и се остава да нарасне. Расукајте
го, премачкајте го со филот и свиткајте во ролна. Се става во подмачкан калап и се остава уште
малку да нарасне. Печете на 180 °C околу 40 минути. Добар апетит!