Skip to main content

Посни палачинки од само две состојки

Фото: Freepik

Палачинките се едни од омилените закуски и оброци. Некој ги премачкува со крем, некој со џем, други ги полнат со јаткасти плодови и шеќер, но сите ги обожаваат. За време на подготовката, најважно е да се осигурате дека нема грутки во смесата и да ги пржите во добро загреано тавче кое сте го намастиле со малку масло.

Ви ги откриваме триковите што ги користат професионалните готвачи. Со нив, дури и овие рецепти од 2 состојки ќе бидат совршени.

Пред да го измешате брашното со сите други состојки, просејте го низ цедалка. Ова ќе го направи тестото за палачинки повоздушесто.

Додајте сода бикарбона

Користете сода бикарбона, која ќе им овозможи на печените палачинки да бидат меки. Но, не претерувајте, половина лажичка ќе биде доволна. Обавезно просејте ја содата бикарбона заедно со брашното пред да ги додадете другите состојки.

Состојки:

2 чаши брашно

2 чаши газирана вода

Подготовка:

Истурете газирана вода во сад. Додавајте го брашното малку по малку, мешајќи со жица за матење. Кога смесата ќе стане густа, матете ја со рачна жица за матење за да ги разбиете грутките. Кога ќе добиете еднолична смеса, ставете ја во фрижидер да отстои половина час. Направете ги палачинките и филувајте по желба.

Извор: Курир