
Ако постите во среда и петок, еве еден предлог…
Овој рецепт за бурек од јаболка е толку едноставен што секој може да го подготви. Меки кори, сочни јаболки и неодолива арома на цимет ќе го направат овој бурек ваш нов омилен десерт. Совршен е за појадок, ужина или како десерт после ручекот.
Потребно е:
500 гр готови кори
600 гр јаболки, исечени
малку цимет
1 ванилин шеќер
масло
кисела вода
шеќер по желба
Подготовка:
Јаболката изрендајте ги, додадете цимет и малку масло и измешајте.
Истурете кисела вода во распрскувачот. Тавата за печење намачкајте ја со масло или обложете со хартија за печење и премачкајте со масло.
На дното ставете две кори, попрскајте со вода и масло, а третата премачкајте ја со масло и наредете ги јаболката.
Покријте со две кори, испрскајте ги со вода и масло и печете на 200 степени околу 40-45 минути.