
Омлетот со кашкавал е одличен начин лесно да го претворите обичниот појадок во мало гурманско задоволство.
Воздушестите јајца, растопениот кашкавал и малку зачини се вистински погодок кога ви се јаде нешто вкусно, топло и брзо за подготовка.
Состојки:
- 4 јајца
- 1/2 сув зеленчук
- бибер
- 2 лажички млеко
- 1 лажица маслиново масло
- 50 грама рендан полутврд кашкавал
- власец за сервирање
Подготовка:
Скршете ги јајцата во мал сад и добро изматете ги со виљушка или маталка. Додадете сув зеленчук, бибер и млеко. Загрејте маслиново масло во голема тава со нелеплива површина, истурете ги јајцата и навалете ја тавата за рамномерно да се распореди смесата. Кога рабовите на омлетот ќе почнат да се стврднуваат, внимателно подигнете ги со шпатула за да може течната смеса од јајца да се разлее под нив. Посипете рендан кашкавал врз средината на омлетот.
Штом долниот дел ќе се испече, а површината остане малку мека, преклопете го омлетот. Посипете го топлиот омлет со сецкан власец и послужете го со салата по избор.

Македонски


