Skip to main content

Направете брза крем салата од искршените јајца

Пиксабеј

Oдлична идеја како да ги искористите скршените велигденски јајца за брза крем салата, совршена за пречекување гости.

Состојки:

  • 200 гр сланина
  • 4 варени јајца
  • 100 гр печени семки од сончоглед
  • кисела павлака
  • 2 лажици мајонез
  • магдонос
  • сол, бибер

Подготовка:

Сланината исечкајте ја на коцки, пропржете ја, па извадете ја на хартија за да се исцеди и излади.

Јајцата исечкајте ги на мали или големи парчиња по желба.

Во длабок сад се ставаат павлаката, мајонезот, семките од сончоглед, јајцата, магдоносот. Сето тоа соединете го, па додадете сол, бибер и сланината. Повторно измешајте сè и оставете го во фрижидер да се излади.

Поврзани вести