
Збогатете ја Велигденската трпеза со оваа мека и вкусна плетенка од тесто со суво овошје.
Состојки за тестото:
- 850 грама. брашно
- 10 лажици шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 2 жолчки
- 50 мл масло
- Сок од еден портокал
- 30 гр квасец
- Кора од 1 лимон
- Вода по потреба околу 250 мл.
Фил:
- 100 гр. суво грозје
- 100 гр. сува брусница
- 150 гр. суви кајсии
- Кора од еден портокал
- Сок од еден портокал
За премачкување:
- 200 гр. стопен путер или маргарин
- 1 жолчка
Подготовка:
Замесете го тестото и оставете го да нарасне, околу половина час. Потоа развлечете го тестото и премачкајте го со сечкано овошје и сок од портокал. Свиткајте, исечете и ставете во калап за куглоф. Печете во рерна на 200 Целзиусови степени околу 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 Целзиусови степени и печете уште 40 минути. Покријте со глазура од изматени 100 грама шеќер и 3 лажици сок од лимон.