
Најздравите масла што може да се користат во кујната се маслиново масло (екстрадевствено) и масло од авокадо. Тие најчесто се користат за салата, но и за термичка обработка на повисоки температури.
Од друга страна, лененото масло, кое е исклучително богато со омега-3 масни киселини, треба да се користи само ладно, на пример за салати и преливи, бидејќи не смее да се загрева.
Маслото од орев има богат, јаткаст вкус и погодно е за преливи за салати и сосови, а може да се користи и за термичка обработка (готвење, пржење, печење).
Маслото од авокадо има една од највисоките точки на чадење (околу 225 степени Целзиусови) и може да се користи за сите видови готвење, вклучувајќи и пржење и печење на високи темепратури. Исто така, и рафинираното маслиново масло има повисока точка на чадење (190-243 степени), па затоа погодно е за пржење, но најдобро е за готвење на умерени температури или како додаток во јадења.

Македонски








