Skip to main content
- Оваа кремаста и ароматична супа од свежи домати со босилек е идеален летен оброк – лесна, здрава и полна со вкус. Совршена е како предјадење или лесна вечера, особено кога се служи со крцкав тост или домашен леб.
-
- Состојки (за 4 лица):
- 1 кг свежи домати
- 1 лажица маслиново масло
- ½ главица кромид
- 4 чешниња лук
- 500 мл зеленчуков бујон
- 1–2 лажички паста од босилек
- 1 лажичка мед
- ½ лажичка димена црвена пипер
- сол и мелен црн бибер по вкус
-
- Подготовка:
- Доматите исечкајте ги на коцки и оставете ги на страна.
- Загрејте го маслото во голем сад. Додајте ситно сечкан кромид и издробен лук. Пржете додека кромидот не стане стаклест.
- Додајте ги доматите и продолжете со динстање, без капак, околу 10 минути, додека не омекнат и се распаднат.
- Смесата префрлете ја во блендер, додајте го бујонот и изблендирајте додека не добиете мазна супа (можете да користите и рачен блендер директно во садот).
- Вратете ја супата во садот и, доколку е потребно, додадете уште бујон за посакуваната густина.
- Додајте ја пастата од босилек, медот, димената црвена пиупер, биберот и солта. Поклопете и варете уште 5 минути.
-
- Послужување:
- Служете ја топла, со препечен леб или кротони, декорирајте со свежи листови босилок.