Skip to main content

Домашен крем од ф’стаци готов за 20 минути

Freepik

Ф’стаците се одличен извор на здрави масти, влакна, протеини, антиоксиданси и содржат бројни хранливи материи, како витамин Б и тијамин, поради што го поттикнуваат варењето и добрите бактерии во цревата

Дали поради познатото „Дубаи“ чоколадо или поради нешто друго, во последно време ф’стаците се многу популарни. Еве како да приготвите домашен крем од ф’стаци – совршен за десерти!

Состојки:

200 г несолени и непечени ф’стаци.
прстофат ванилин шеќер


Приготвување:

Блендирајте ги ф’стаците околу 20 минути. Постепено ќе се претворат во паста, а потоа во путер. Кога ќе се претворат во путер, блендирајте уште 3-4 минути. Потоа, префрлете ги во тегла.

Кремот можете да го чувате неколку недели во херметички затворен сад. По желба, на крајот додајте малку ванилин шеќер или други зачини по избор.