Skip to main content

Второ издание на конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“

На 24-ти и 25ти јануари во Скопје, Здружението за едукативен развој Еквалис ја организира втората едиција на националната конференција за активно граѓанство „КритикУМ“.

Оваа национална конференција претставува простор за поврзување, градење на заеднички стратегии, но и оснажување за пракси, примери и платформи преку коишто граѓаните се обидуваат да ги променат заедниците. Преку оваа едиција на конференцијата ќе погледнеме во некои од најистрајните и храбри подвизи на граѓанско мобилизирање во нашата држава, но во исто време ќе зборуваме за активзмот низ неговата несовршена перспектива, како нешто коешто се менува, не менува и нас самите, на моменти можеби разочарува, но несомнено непрестано не инсприра и движи напред. Излегувајќи од класичниот формат на конференција, во вториот ден организираме и интеркативна прошетка низ градот со којашто ќе бидеме во контакт со јавниот простор како место каде што нашите борби секојдневно се случуваат и испишуваме истории на истрајност и отпор.

Регистрацијата за конференцијата е отворена во линкот: https://forms.gle/LsYKW2EfGZdbybp48.

За учесниците надвор од Скопје ќе бидат покриени патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Програма:

24ти јануари (петок)

Дневна програма во Лабораториум, почеток 11:00

Панел 1- Граѓански визии за градот: Во одбрана на воздухот, водата и јавниот простор
Говорници/чки:
-Еди Фрцовски – Иницијатива за мапињање на функционалните чешми за вода во Скопје, граѓански активист и биолог
-Благица Сабовљевиќ-Стоименова – Граѓанско движење за блокада на кочанската депонија, активистка за заштита на животната средина
-Јана Белчева-Андреевска- Поранешна советничка во општина Центар како дел од граѓанското движење Шанса за Центар, дел од граструт движење „Одбрана на Дебар Маало“
Модератор: Ангел Димитриевски- Еквалис

Панел 2- Пркоси во алтернативната културна сцена
Говорници/чки:
-Ивана Мирчевска – Визуелна уметница и една од организаторките на фестивалот „Под земја полесно се дише“
-Андреј Медиќ Лазаревски – Основач и главен и одговорен уредник на „Култура Бета”
-Билјана Димитрова- Колектив Ветерница и Партизанска Штампа
Модераторка: Надица Банишка- Еквалис

Вечерна програма во Лабораториум, почеток од 21:00- Настап на бендот Кокиче

25ти јануари (сабота)

Интерактивна прошетка „Скопје, големото бегство“
Збирна локација: Плоштад Слобода, Дом на култура „Кочо Рацин“ (поранешно Дом на градежници), почеток од 12:00
„Скопје, големото бегство“ е имерсивна претстава, интерактивна прошетка, аудио визуелно искуство кое ја ангажира публиката низ дел од заборавените места во Скопје, каде низ колективна прошетка се отвораат прашања за општествената димензија на јавните простори.

Конференцијата за активно граѓанство КритикУМ ја организира Здружението за едукативен развој Еквалис, со финансиска поддршка на National Endowment for Democracy и European Fund for the Balkans..

Поврзани вести