Skip to main content

Бугарски доктори бесплатно прегледуваат во Преспа: Од македонското друштво „Илинден“ – Тирана ги осудуваат обидите на Софија со злоупотреба на здравјето

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана најостро ги осудува, како што велат оттаму, обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа.

На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна амбуланта во Пустец. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија. И на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари, велат од македонското друштво.

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана изразува „жалење што највисоките личности на албанската држава, и Општина Пустец дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонско национално малциство“.

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со „суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија“.

Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државјани, доведува асимилација на македонско национално малциство во Република Албанија – стои во соопштението на Македонско друштво „Илинден” – Тирана.

Поврзани вести