Skip to main content

Зошто треба да ги сварите лушпите од ореви? Ќе добиете чудесна водичка чиј ефект се чувствува во целата куќа

Pixabay

Лушпите од ореви можат да се искористат во домот подобро отколку што мислите – направете домашен освежувач без хемикалии.

Потребно е:

  • Една рака чисти лушпи од ореви
  • 1 стапче цимет
  • Кора од еден портокал
  • 5–6 каранфилчиња
  • 500 мл вода

Постапка:

Убаво измијте ги лушпите од ореви, па ставете ги во едно помало тенџере. Додадете го стапчето цимет, кората од портокал и каранфилчињата, а потоа прелијте ги со вода. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете ја полека да крчка околу 15 до 20 минути. За тоа време, пријатната арома од зачините и портокалот ќе се шири низ кујната и околните простории.

Ако сакате мирисот да трае подолго, повремено долевајте по малку вода, водејќи сметка тенџерето да не остане без течност. Не ја оставајте течноста да се вари без надзор.

Оваа миризлива водичка е едноставен начин да ги искористите лушпите од ореви наместо да ги фрлите, а домот да го исполните со топол, зачински мирис кој особено годи во текот на постудените денови.

Поврзани вести