
Водата за пиење во Кавадарци е заматена поради дождовите. Од јавното претпријатие „Комуналец” вечерва информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.
Известуваме дека поради временските услови и обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата – се вели во објавата на „Комуналец” на Фејсбук.
Од Јавното претпријатие посочуваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја промена.