Skip to main content

Забраната за движење во шуми продолжена до 30 септември

Фрипик

Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување на забраната е предвидена казна од 1 500 до 2 000 евра во денарска противредност.

Од Министерството ги повикуваат граѓаните да бидат особено претпазливи со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Оттаму посочуваат дека и во периодот што следува не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор поради високите температури.

„Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина“, велат од ресорното Министерство.

Поврзани вести