Националниот ден на лалињата го означи официјалниот почеток на сезоната на овие цвеќиња во Холандија.
По повод овој празник во Амстердам е отворена голема градина со околу 200.000 лалиња кои посетителите можат да ги наберат, пренесуваат холандските медиуми.
Овој настан оваа година има посебно значење бидејќи се совпаѓа со 750-годишнината од основањето на Амстердам.
Мотото на овогодинешната сезона на лалиња е „Прославете го вашиот важен датум“, а целта е да се поттикнат луѓето да купат букети од овие цвеќиња за да одбележат лична прослава.
Годинава ќе биде претставен нов тип на лале кое го носи името на холандскиот пејач Иво Беренсе.