Skip to main content

„Њујорк Тајмс“: САД се движат кон распад

cris-constantin-on-unsplash
cris-constantin-on-unsplash

САД се повеќе се движат кон распаѓање, пишува весникот „Њујорк Тајмс“.

Според изданието, неколку региони на САД и Канада ги засилиле движењата за отцепување од федералните држави. За таквата желба, учесниците во движењата се повикуваат на економската нееднаквост и верувањето дека централната влада не ги претставува нивните интереси, забележува „весникот“.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека во Сиетл, организацијата „Каскадија Демократско движење“ подготвува референдуми во сојузните држави Вашингтон и Орегон за отцепување од САД за 2028 година.

Во Канада, пак, покраината Алберта подготвува референдум за евентуално отцепување од земјата за октомври 2026 година.

Весникот пишува дека слични чувства се евидентираат низ целата земја. Експертите укажуваат на општата логика на ваквите движења: чувството за сопствена различност почнува да има реални економски последици, нагласува „Њујорк Тајмс“.

Поврзани вести