
Свештеникот Александар Волков, раководител на службата за информирање на Московската епархија на Руската православна црква за РИА новости за православните верници објаснува што треба да се прави со остатоците од велигденската трпеза.
Остатоците од велигденската трпеза, на пример, лушпите од јајцата и трошките од велигденскиот леб, не се нешто свето, тие можат да се фрлат во ѓубре. Всушност, сите остатоци од велигденската трпеза што остануваат во една или друга форма секогаш можат да се фрлат во ѓубре. Ниту велигденската погача или колач, ниту велигденските јајца не се некој вид на предмет што бара посебен третман, објаснува свештеникот.
Тој напомена дека верниците треба да се помолат и да се прекрстат на трпезата пред секој оброк, а никој да не размислува што да прави со остатоците од неизедена храна.
На пример, кога се молиме пред ручек и ја благословуваме храната и луѓето собрани на трпезата, не размислуваме што да правиме со останатиот дел од колбасот или со која било друга храна. Така е и со јајцата и со велигденската трпеза. Со остатоците од велигденската трпеза треба нормално да се постапува, потенцира Волков.