Skip to main content

Што треба да направите со бадниковото гранче

Најубавиот христијански празник Божиќ полека ни заминува, а тој секако се поврзува со бадниковото гранче кое го има во секое семејство и дом.

Традицијата налага за Бадник на вратата од домот и на трпезата да имаме бадниково гранче. Се верува дека тоа носи среќа, но многумина не знаат што да прават со гранчето откако ќе помине празникот.

Според верувањата во никој случај не треба гранчето да го фрлате во ѓубре. Постарите советуваат гранчињата да ги оставите во шума или парк.

Во најдобар случај треба да ги запалите што го симболизира огнот што Јосиф го створил за да ја загрее пештерата во која се родил Исус Христос.

Поврзани вести