
По 12 години борба, мојот син живее со мене, рече Северина на концертот во родниот Сплит.
Сега песна за најважниот човек во мојот живот, неговото срце чукаше под моето. Неколку пати се обидоа да ми го одземат, а денес, по 12 години борба, мојот син живее со мене – рече Северина по што ја испеа песната „Роѓено моје“.
Сплиќани ја пречекаа пејачката со силен аплауз, иако концертот почна еден час подоцна поради гужвата на влезовите.

Македонски








