
На Велики Четврток се фарбаат велигденските јајца за најголемиот христијански празник во недела. Како што е познато, едно од првите три јајца кои се бојосуваат во црвена боја пред изгрејсонце се чува во домот покрај икона, за да ја чува куќата во текот на целата година.
Отец Предраг Поповиќ објаснува што треба да се прави со ланското јајце пред фарбањето на новите. Истакнува дека тоа јајце е всушност природна икона на Белиот ангел, кој укажува на празниот гроб и на Христовото воскресение.
Затоа старото јајце се закопува во двор, многу често под дрво или во саксија, доколку живеете во стан. Така, природата се враќа во природата, а ние започнуваме нов годишен циклус на чекање на Христовото воскресение, вели тој.