
Најповолни датуми за свадба во 2026
(нумерологија и традиција – по Велигден)
Имајќи предвид дека пред Велигден не се прават свадби, во изборот се вклучени само датуми по Велигден 2026 (12 април).
- 06.06.2026 (сабота)
Најсилниот свадбен датум во 2026 година.
Бројот 6 симболизира љубов, дом и семејство, а двојната шестка носи хармонија, стабилност и долготраен брак.
- 06.05.2026 – Ѓурѓовден (среда) т.е викендот после Ѓурѓовден
граѓански брак во среда, а свадба за викенд.
Традиционално многу силен и благословен датум.
Се поврзува со нов почеток, плодност и среќа, а бројот 6 дополнително ја засилува симболиката на семејството и љубовта.
- 08.08.2026 (сабота)
Датум со силна енергија на бројот 8, кој симболизира стабилност, успех и заедничка иднина.
Чест избор за парови кои сакаат сигурен и цврст брак.
- 15.08.2026 – Успение на Пресвета Богородица (сабота)
Датум со длабока духовна симболика.
Се поврзува со заштита, семејство и мајчинска енергија, поради што многу парови го сметаат за особено погоден за венчавка.
- 10.10.2026 (сабота)
Симетричен и елегантен датум со силна симболика.
Бројот 1 како збир ја претставува новата животна фаза и стабилниот почеток на заедничкиот живот.
Заклучок
Најповолниот период за свадби во 2026 година е од мај до октомври, кога се почитува традицијата и кога нумерологијата носи стабилна и хармонична енергија за нов почеток.

Македонски







