
Кралицата Камила проговори за трауматично искуство што го имала во тинејџерските години кога, како 16 или 17-годишна девојка, морала да му „возврати удар“ на маж кој сексуално ја нападнал додека патувал со воз. Таа вели дека инцидентот ја оставил „страшно лута“ и „бесна“.
Кралицата Камила зборуваше за болната тема во специјално издание на програмата „Тудеј“ на BBC Radio 4, во разговор со коментаторот на Би-би-си Џон Хант и неговата ќерка Ејми, како дел од поширока дискусија за насилството врз жените, мизогинијата и моделите на однесување што водат до неа.
Таа се присетила на моментот по нападот: излегла од возот, а нејзината мајка ја погледнала и ја прашала зошто косата ѝ е разбушавена и зошто ѝ недостасува копче од палтото.
„Бев нападната“, рекла таа.
Порано оваа година, во британските медиуми се појави информација дека Камила го одбила напаѓачот во воз удирајќи го со чевел во препоните, по што го пријавила случајот во полиција, а мажот наводно бил уапсен. Новинарката Валентин Лоу го опишала тој настан во книгата „Моќта и палатата“, наведувајќи дека Камила еднаш му се доверила на тогашниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, за сè.
Иако, според извори блиски до палатата, Камила не сакала приказната некогаш да стане јавна, ставот бил дека таа може да има позитивен ефект ако стимулира поширока дискусија, ја намали стигмата и ги охрабри девојките и жените да побараат помош и да проговорат.

Македонски






