Skip to main content

Камо сите да ја имавме нивната ДНК… тогаш Македонија ќе беше најубавото место на светот

Една од последните хуманитарни акции на дуото „ДНК“ беше кога им помогнаа на Берк и неговата мајка Севим, кои живеат во населбата Ѓорче Петров, на улица „Беа Куле“ Бр.1 А во (не) услови кои не се достојни за еден нормален живот.

Тоа што им беше најбитно во моментов им го дадовме (толку бевме во можност), и целосно го покривме трошокот за терапијата на неговата болна мајка“, изјавија во таа пригода Панчо и Андреј.

За старт, најважно е да се подмири сметката за струја која изнесува 46.000денари, за повторно да засвети нивниот трошен дом.

Инаку, додека разговаравме, седевме осветлени од неколку свеќи, па ги запрашавме што уште би можеле да им помогнат останатите хумани луѓе кои се во можност да донираат и излезат во пресрет.

Ни кажаа дека најнеопходно им е да добијат ФРИЖИДЕР, БОЈЛЕР и било каков телевизор.
Сите оние кои се во можност, од срце би ве замолиме да помогнете, кој колку може, и доколку сакате да го споделите постот, се со цел да стигне до што поголема број на луѓе.

Бројот на Берг е: 072 639 335 па слободно исконтактирајте го.

Со почит,
Панчо и Андреј,
објавија тогаш од „ДНК“

Поврзани вести