Skip to main content

Изгледаат многу возможни: Ова се предвидувањата на Нострадамус за 2025 година

За 2025 година, Нострадамус предвидел подем на нова империја и голем напредок што ќе им овозможи на „обичните смртници“ да манипулираат со реалноста. Барем вака тврдат оние што ги проучувале делата на францускиот лекар и астролог од 16 век. Пророштвата се напишани на таков начин што можат да се толкуваат на многу начини, па некои луѓе се сеќаваат на нешто што Нострадамус го напишал при секоја катастрофа.

Поплави

Нострадамус предвидува големи поплави во 2025 година, кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата.

Овие природни катастрофи, тврдат експертите на работата на Нострадамус, ќе го разнишаат постоечкиот светски поредок. Годината со која се збогуваме секако ја одбележаа поплави, па многумина во коментарите пишуваат дека „пророштвото“ всушност е само здрава логика.

Комуникација со повисоки облици на интелигенција

Во неговите пророштва за наредната година, тој наводно спомнал и тајни култови кои би ја користеле моќта на „мрачните ритуали“.

Предвидел и големи откритија во областа на квантната физика.

Штом ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото, пишувал Нострадамус.

Во 2025 година ќе излезат на виделина и долго чувани тајни.

Ова ќе го промени текот на историјата, тоа е почеток на нова ера, толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои исто така тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“.

Поврзани вести