Skip to main content

Пелистер не е декор, туку домаќин: Project 7000 со „Harvest of Sound“ за Денот на независноста

На Денот на независноста, Project 7000 се врати таму каде што природно припаѓа, на Пелистер. Вчера, кај Инфо-центарот на Националниот парк Пелистер, се одржа четвртото издание на Project 7000, овојпат под името „Harvest of Sound“ и мотото „Independent by Nature“.

Настанот се реализира во соработка со Националниот парк Пелистер, со идеја планината да стане простор во кој музиката, движењето, дружењето и одговорниот однос кон природата можат да постојат заедно.

Програмата започна напладне. Во 12 часот зад пултот застана Svaba, во 14 часот KeeKetz, во 16 часот настапија DUPER, а од 18 часот програмата продолжи со ConTruDJ.

Но „Harvest of Sound“ годинава има уште една важна димензија.

По пожарите кои неодамна зафатија делови од Баба Планина, Project 7000 и НП Пелистер воспоставија посебен протокол за одговорно присуство на посетителите. Пораката е едноставна: Пелистер не е декор за настанот. Пелистер е домаќин.

На просторот немаше хартиени пепелници, а секој посетител ќе биде повикан сопствениот отпад да го задржи кај себе до најблискиот контејнер. Организаторите апелираа и на лична одговорност, со цел просторот по завршувањето на настанот да остане во иста состојба во која бил затекнат.

Во соработка со Инфо-центарот на НП Пелистер, во текот на денот беше активирана и адреналинска зона, со активности под надзор на сертифицирани инструктори и со задолжителна заштитна опрема.

Дел од концептот е и пешачењето. Посетителите се охрабруваа дел од патот до локацијата да го поминат пеш, како свесна транзиција од градскиот ритам кон планината и како дел од самото искуство на Project 7000.

„Independent by Nature“ на 8 Септември добива и дополнително значење. Наместо класичен празничен формат, Project 7000 го одбележува Денот на независноста со идеја за слобода која доаѓа со одговорност кон просторот, природата и заедницата.

HARVEST OF SOUND
8 септември 2026
Инфо-центар, НП Пелистер

12:00 Svaba / 14:00 KeeKetz / 16:00 DUPER / 18:00 ConTruDJ

Independent by Nature.