Skip to main content

Годината низ пребарувањата: трагедии, хитови и нови трендови на врвот на „Гугл“ во САД

Google го објави својот традиционален годишен преглед на најпопуларните пребарувања, кој ги открива настаните, личностите и феномените што предизвикале најголем пораст на интересот кај корисниците ширум светот.

Листата за 2025 година во Соединетите Американски Држави ја предводи името на Чарли Кирк, но причината за тоа е трагична. Основачот на „Turning Point USA“ беше убиен на 10 септември за време на говор на кампусот на Универзитетот Јута Вали, настан што предизвика масовен бран пребарувања и целосно ја засени останатата агенда.

По него, меѓу петте најбарани термини се најдоа филмскиот хит на Netflix „KPop Demon Hunters“, виралната плишана играчка Labubu, новиот модел iPhone 17 на Apple, како и законот познат како „One Big Beautiful Bill Act“, кој стапи на сила во јули, пренесува Večernji list.

Голем интерес предизвикаа и други актуелни теми, меѓу кои новоизбраниот градоначалник на Њујорк Зохран Мамдани, платформата за вештачка интелигенција DeepSeek, затворањето на американската влада, Светското клупско првенство на FIFA, како и темата за тарифите. Овие пребарувања ја отсликуваат година обележана со политички тензии, технолошки иновации и спортски возбудувања што го задржаа вниманието на јавноста.

Во категоријата вести, законот „One Big Beautiful Bill Act“ бил најпребаруван, по што следуваат затворањето на владата и атентатот врз Чарли Кирк. Високо на листата се најдоа и протестите „No Kings“, големите пожари во Лос Анџелес, изборот на нов папа, објавувањето на документите поврзани со Епштајн, инаугурацијата на американскиот претседател, како и разорниот ураган Мелиса.

Зохран Мамдани се најде на врвот на листата на најбарани личности, пред Тајлер Робинсон и музичарот D4VD. Меѓу најпребаруваните се и Ерика Кирк, новиот папа Лав XIV, атлетичарката Шедиур Сандерс, Бони Блу, Каролин Ливит, Енди Бајрон и водителот Џими Кимел. Во светот на глумата, најголем интерес предизвика Педро Паскал, по кого следуваат Малачи Бартон, Волтон Гогинс, Памела Андерсон и Чарли Шин.

Во филмската категорија доминираше „KPop Demon Hunters“, а голема гледаност имаа и „Sinners“ и „The Minecraft Movie“. Кај сериите, најпребарувана беше „The Hunting Wives“, пред „The White Lotus“ и „The Pitt“, како и новите сезони на „Squid Game“ и „Severance“. Во музиката, D4VD беше најбаран уметник, додека интерес предизвикаа и групите „KATSEYE“, „Bad Bani“, „Sombr“ и „Doechii“. Кај спортистите, најмногу пребарувања собра американскиот фудбалер Шедиур Сандерс, по него боксерот Теренс Крофорд и кошаркарската надеж Купер Флаг.

Годината, за жал, беше обележана и со смртта на познати личности. Најмногу пребарувања имаше за Чарли Кирк, а јавноста се збогуваше и со актерот Џин Хекман, музичарот Ози Озборн и папата Франциск. Меѓу починатите што предизвикаа голем интерес се и Ен Барел, Дајан Китон, Мишел Трахтенберг, Халк Хоган, Малколм-Џамал Ворнер и Вал Килмер.

Посебно внимание привлекува и категоријата „Што велат децата?“, која ги следи најпопуларните фрази кај помладата публика. Оваа година на врвот се најдоа термините „6-7“, „Сигма“, „41“, „Скибиди“ и „Охајо“, што уште еднаш покажува колку брзо се менува дигиталниот сленг. За споредба, минатогодишните најбарани термини во САД беа поврзани со претседателските избори, Доналд Трамп, сложувалката „Врска“ на „Њујорк Тајмс“, Њујорк Јенкис и тогашната потпретседателка Камала Харис, покажуваат податоците на Google.