
Откако техно сцената во Берлин беше прогласена за нематеријално културно наследство на Германија, Франција сега го направи тоа со електронската музика. Ова е прв чекор кон добивањето заштитен статус од УНЕСКО.
Електронската музика има заслужено место во нашето национално нематеријално наследство, изјави француската министерка за култура Рашида Дати, потврдувајќи ја одлуката.
Неодамна, министерството создаде ознака за клубовите како „места на уметничко изразување и прослава“. Во дебатата се вклучи и претседателот Емануел Макрон, кој порано оваа година побара електронската музика да добие статус на културно наследство од УНЕСКО.
Ја сакам Германија, знаете колку сум проевропски настроен. Но, не мора да учиме од никого. Ние сме пронаоѓачи на електро музиката. Го имаме тој „француски допир“, кажа Макрон.
Овој правец го предводеа музичари како „Дафт панк“ , Етјен де Креси, Боб Синклер, „Ер“, Касиус и други и опфаќаше различни жанрови, од хаус, денс, електро и диско до џез и многу семплирање.

Македонски






