Skip to main content

Изрази ја љубовта преку боите – креативна работилница и дружење во Public Room

Изрази ја љубовта преку боите, е насловот на креативната работилница која денес ќе се одржи во Public Room. Настанот започнува во 17:00 часот.

На оваа работилница ќе имате можност да допрете до вашата креативност и инспирирани од љубовта да создадете ваше уникатно уметничко дело на платно, во релаксирана и опуштена атмосфера. Идејата на работилницата е да ја претставите вашата замисла и перцепција за љубовта, сликајќи ја на платно со бои. Апстракцијата не познава граници, затоа слободно „одлепете“ на платното!

За оваа работилница не е потребно никакво предзнаење и искуство за сликарство и уметност – академскиот сликар Јана Николовска ќе ве води низ целиот процес.

Сите материјали се обезбедени од страна на организаторот – на вам ви е потребна само насмевка и спремност да се нурнете во едно ново и интересно искуство! Работилницата не е само за парови, добродојдени се сите расположени за творење и забава!

Поврзани вести