На Меѓународниот ден за побезбеден интернет, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и говор на омраза и движење предводено од деца за похуман дигитален свет.
“Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство и се во линија со нивните секојдневни борби на интернет. Нашата цел е да им понудиме на девојчињата и момчињата социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, а воедно да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје,“ рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер. “Сакаме да создадеме движење во кое децата ќе се спротивстават на врсничкото насилство онлајн и ќе промовираат човечност и љубезност во дигиталниот свет.”
Целта на новото партнерство е да се создаде движење преку кое децата и младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза. Преку едукација, ко-креација и конкретни акции децата ќе инспирираат и други да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја.