
Кога читаме хороскоп, најчесто го знаеме само нашиот сончев знак, тој што се одредува според датумот на раѓање.
Но постои уште еден многу важен елемент во астрологијата: подзнакот. Тој се пресметува според точниот час и место на раѓање, и покажува кој знак се издигнувал на источниот хоризонт во моментот кога сме се родиле.
Подзнакот го обликува нашиот надворешен изглед, првиот впечаток што го оставаме, начинот на кој се однесуваме во нови ситуации, и како реагираме инстинктивно. Тој е маската што ја носиме пред светот, но често станува се поизразен како што старееме. Ако некогаш сте чувствувале дека не се вклопувате целосно во описот на вашиот знак, голема е веројатноста дека подзнакот има силно влијание врз вашата личност.
Во продолжение, прочитајте што открива подзнакот за вас:
Овен
Луѓето со подзнак во Овен се динамични, импулсивни и секогаш подготвени за акција. Делуваат како лидери и често влегуваат први во нови предизвици. Имаат силно присуство, остар поглед и директен пристап. Другите ги доживуваат како храбри и малку нетрпеливи. Лесно се препознаваат по нивната енергична аура и желбата да бидат во движење.
Бик
Подзнакот во Бик дава смиреност, стабилност и љубов кон удобностите на животот. Овие луѓе делуваат приземјено, постојано и со јасна желба за физички и емоционален мир. Имаат убава, привлечна надворешност и често имаат добар вкус за храна, мода и уметност. Не брзаат со ништо, но кога одлучат нешто, цврсто се држат до тоа.
Близнаци
Оние со подзнак во Близнаци се зборлести, љубопитни и комуникативни. Брзо се движат, размислуваат и реагираат. Делуваат млади, весели и полни со идеи. Луѓето ги доживуваат како шармантни и друштвени, иако понекогаш може да изгледаат расеано или неодлучно. Секогаш имаат нешто ново да кажат или прашаат.
Рак
Со подзнак во Рак, луѓето изгледаат чувствителни, емпатични и заштитнички настроени. Делуваат пријатно и топло, но често држат дел од себе скриен. Имаат интуиција за туѓите емоции и често се грижливи како мајки. Надворешно изгледаат повлечени, но се многу длабоки кога ќе се отворат.
Лав
Подзнакот во Лав носи харизма, гордост и природна потреба за изразување. Овие луѓе се впечатливи, дали по изглед, говор или став. Често имаат театарски начин на изразување, сакаат внимание и ги инспирираат другите со нивната самодоверба. Делуваат како кралеви на просторијата, дури и кога не се трудат.
Девица
Луѓето со подзнак во Девица изгледаат рационално, скромно и внимателно. Забележуваат ситници и се однесуваат практично во секоја ситуација. Другите ги гледаат како организирани, интелигентни и критички настроени, но и како личности на кои може да се потпрат. Имаат уреден изглед и често оддаваат впечаток на трпеливост и дисциплина.
Вага
Подзнакот во Вага носи убавина, шарм и способност за хармонија. Овие луѓе се многу дипломатски, убаво се изразуваат и често делуваат како личности кои ги балансираат сите околу себе. Имаат естетски вкус, гравитираат кон уметност и сакаат односи кои се праведни и урамнотежени. Надворешно изгледаат љубезно и привлечни.
Шкорпија
Овие луѓе имаат интензитет и мистерија во себе. Делуваат длабоко, тивко и магнетски. Имаат продорен поглед и често остават впечаток дека “знаат нешто повеќе”. Подзнакот во Шкорпија носи инстинкт за преживување, силна интуиција и страст. Луѓето се или привлечени или застрашени од нивното присуство.
Стрелец
Со подзнак во Стрелец, луѓето се весели, отворени и полни со ентузијазам. Делуваат оптимистично и ги инспирираат другите со нивната љубов кон слободата. Често се со спортски дух, сакаат авантури и ги избегнуваат ограничувањата. Имаат широки погледи и желба за учење, патување и раскажување.
Јарец
Луѓето со подзнак во Јарец изгледаат сериозно, одговорно и фокусирано. Имаат деловен изглед и често оставаат впечаток на зрелост, дури и кога се млади. Делуваат резервирано, но однатре се амбициозни и стремат кон стабилност. Не ги покажуваат лесно емоциите, но се одлични во градење доверба со време.
Водолија
Подзнакот во Водолија носи уникатност, отвореност и желба за нешто различно. Овие луѓе се често ексцентрични, имаат свој стил и размислуваат “надвор од кутијата”. Делуваат пријателски, но и непредвидливо. Имаат оригинален пристап кон животот и не се плашат да се издвојат од толпата.
Риби
Оние со подзнак во Риби делуваат како сонувачи, нежни и малку недостижни. Имаат меки црти, длабок поглед и интуитивна енергија. Често ги чувствуваат емоциите на другите и можат да бидат многу емпатични. Светот го доживуваат преку чувства и фантазија, и имаат дарба за уметност, музика или духовност.