
Дневен хороскоп за Овен – понеделник, 4 август 2025
Ќе имате силна мотивација да се вратите во работен ритам и ќе бидете тие што ги раздвижуваат работите по викендот.
Саканата личост ќе ви бара повеќе внимание отколку што сте планирале, а ако сте сингл, некој во ваша близина чека знак дека може да ви пријде.
На поле финансии, ќе бидете решени да не трошите импулсивно, но тоа нема да ви оди лесно од рака.
Дневен хороскоп за Бик – понеделник, 4 август 2025
Работниот ден ќе ви почне со мала доза на отпор, но до пладне ќе се организирате и ќе ја добиете потребната енергија.
Љубовниот однос ќе биде стабилен, но можни се мали несогласувања, а ако сте сингл, не бегајте од личноста која ви се додворува упорно.
Финансиските приливи се стабилни, но ќе почувствувате потреба да тргнете нешто „на страна“ за сигурност.
Дневен хороскоп за Близнаци – понеделник, 4 август 2025
Денот ќе биде полн со разговори, состаноци и повици, а вие ќе бидете исцрпени од работата која се натрупува.
Ако сте сингл, можна е пријатна средба или порака која ќе ви го разубави денот, а Близнаците кое се зафатени ќе уживаат покрај саканата личност.
Ќе сакате да потрошите поголема количина пари на нешто ново, дури и ада не ви е неопходно.
Дневен хороскоп за Рак – понеделник, 4 август 2025
Ќе сакате стабилност и ќе се обидете да избегнете какви било промени во работната рутина.
Партнерот ќе ве наведе да размислувате за иднината, а ако сте сингл, ќе ви недостига страст и спонтаност во секојдневието.
Финансиската состојба е во рамнотежа, но ќе чувствувате дека е време за малку поголема контрола на трошоците.
Дневен хороскоп за Лав – понеделник, 4 август 2025
Ќе го почнете денот со елан и ќе инспирирате и други колеги да се фокусираат на важните задачи.
На љубовен план ќе сакате да доминирате, а ако тоа не се случува, ќе страдате во себе, тивко и длабоко.
Ако имате повеќе пари на страна, денес може да се одлучите за вложување во нешто лично, што го гледате како вредна инвестиција.
Дневен хороскоп за Девица – понеделник, 4 август 2025
Денот ќе биде исполнет со детали кои ќе ги средите совршено, но за нив ќе потрошите повеќе енергија отколку што сте планирале.
Иако не сте емотивни на површина, денес ќе откриете чувства што одамна ги потиснувате, без оглед дали сте во врска или не.
Финансиската состојба ќе ве натера да направите прецизна пресметка на трошоците за следниот период.
Дневен хороскоп за Вага – понеделник, 4 август 2025
Ќе ви биде тешко да влезете во работен ритам, освен ако средината во која работите не е пријатна за вас.
Ако сте во врска, љубовта ќе се манифестира преку гестови, а ако сте сингл, можна е средба која ќе ви го стопли срцето.
Мора да бидете попрактични при трошењето, не се залетувајте, особено за работи кои се скапи.
Дневен хороскоп за Скорпија – понеделник, 4 август 2025
Ќе се фокусирате на нешто што долго време го одложувате и конечно ќе најдете сила да го довршите.
Ако сте во врска, бидете искрени кон себе и партнерот – дали сте заљубени или врската ви се претвора во навика, а ако сте сингл, ќе откриете нова страст.
Трошите интуитивно и сако ако чувствувате дека вреди да се дадат пари за нешто, но не ги заборавајте ни сметките.
Дневен хороскоп за Стрелец – понеделник, 4 август 2025
Ќе ви биде потребна нова идеја или проект за да го раздвижите денот, монотонијата нема да ве држи долго.
Ако сте во нова врска, љубовта ќе ви даде чувство на свежина, а ако сте сингл, ќе копнеете по нешто ново и трајно.
Денот е одличен за да си го посветите на себе и работите што вас ќе ве расположат.
Дневен хороскоп за Јарец – понеделник, 4 август 2025
Ќе се вратите на работа со јасно поставени цели и нема да дозволите ништо да ве оттргне.
Ако сте во врска, партнерот ќе ве следи како сенка, а сингл Јарците ќе имаат средба со некој од минатото која ќе им ја разгори фантазијата.
Финансиски ќе останете лојални на својот план, без да носите нагли одлуки.
Дневен хороскоп за Водолија – понеделник, 4 август 2025
Ќе започнете нова идеја или иницијатива, иако не сите околу вас ќе ја разберат веднаш.
Ако сте во врска, нема да сакате глума ниту компромис, а ако сте сингл, ќе ве изненади реакцијата на некој близок.
Некои Водолии ќе најдат нов начин на заработка или штедење.
Дневен хороскоп за Риби – понеделник, 4 август 2025
Ќе ве води интуицијата и ќе постапувате според она што чувствувате дека е правилно.
Ако сте во врска, денес ќе почувствувате дека не ви требаат големи гестови, туку тивка поддршка, а ако сте сингл, нема да има промени во вашиот љубовен статус.
Во однос на парите, ќе размислувате долгорочно и ќе го избегнувате секој порив да купите нешто само затоа што ви се допаднало.