Skip to main content

Зеленски: Состанокот со Трамп беше „добар и продуктивен“

Непосредно пред церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на средбата со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски изјави дека средбата на тројцата лидери била „добра и продуктивна“.

„Сите сакаме оваа војна да заврши што е можно поскоро и на праведен начин. Разговаравме за нашиот народ, за ситуацијата на терен и за праведен мир,“ напиша, меѓу другото, Зеленски на платформата Икс.

Поврзани вести