Skip to main content

Зеленски се сретна со канадскиот премиер: Канада најави нова економска помош за Украина од 2,5 милијарди долари

Facebook / Володимир Зеленський

Канадскиот премиер Марк Карни објави дека неговата земја ќе испрати нов пакет економска помош за Украина во износ од 2,5 милијарди долари, нагласувајќи дека оваа поддршка има за цел да обезбеди почеток на процесот на обнова на земјата и посочи дека Канада ќе продолжи да обезбедува воена поддршка на Украина. 

Најавуваме понатамошна економска помош за Украина во износ од 2,5 милијарди долари. Оваа поддршка ќе помогне во привлекувањето финансирање од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската банка за обнова и развој за да се почне процесот на обнова“, рече Карни. 

За време на средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Карни нагласи дека е потребна волјата на Русија за постигнување праведен и траен мир, со истовремено нагласување на важноста на меѓународната поддршка за Украина.

Под ваше водство, имаме услови за праведен и траен мир, но за тоа ни е потребна волјата на Русија“, му рече Карни на Зеленски, пренесува Укринформ. 

Канадскиот премиер ја истакна важноста од продолжување на притисокот врз Русија. 

Покрај економската помош, Канада ќе продолжи да обезбедува воена поддршка за Украина“, нагласи премиерот на Канада. 

Зеленски денеска пристигна во Канада во работна посета, а од Канада ќе замине за САД каде што утре во Флорида ќе се сретне со претседателот  Доналд Трамп.

Поврзани вести