Skip to main content

Зеленски: Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина

фото: скриншот Твитер/ Volodymyr Zelenskyy

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија денеска до 16 часот по локално време извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања, според извештајот на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Зеленски на социјалните мрежи напиша дека денеска руските сили употребиле 400 дронови за напади врз Украина.

Украинскиот претседател изјави дека руските сили го прекршиле велигденскиот прекин на огнот во регионот на Доњецк и во областа Курск во Русија.

Поврзани вести