Skip to main content

Зеленски: Пратеник и градски началници примале мито

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Националното биро за борба против корупција (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САПО) откриле дека еден пратеник и одредени раководители на градски управи примале мито.

– Еден од народните пратеници на Украина, како и раководители на окружни и градски управи и војници на Националната гарда на Украина, беа разоткриени за примање мито. Им благодарам на органите за борба против корупцијата за нивната работа. Може да постои само нулта толеранција кон корупцијата, јасна тимска работа за разоткривање на корупцијата и на крајот, праведна казна, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски истакна дека е важно антикорупциските институции да работат независно, и дека законот усвоен во четвртокот им гарантира на сите можности вистински да се борат против корупцијата.

Украинскиот парламент, Врховната рада, на 22 јули усвои закон за намалување на овластувањата на НАБУ и САПО, кој Зеленски го потпиша истиот ден, по што се одржаа протести против новиот закон во Киев и другите градови на Украина.

По протестите, на 24 јули, Зеленски го одобри текстот на законот со кој се враќа независноста на антикорупциските тела, кој Врховната рада го усвои на 31 јули, а тој го потпиша истиот ден

Поврзани вести