Skip to main content

Затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, е претседателски кандидат на опозициската ЦХП

Турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го номинираше градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу за претседателски кандидат на изборите во 2028 година, и покрај неговото апсење, соопшти денеска партијата на којашто припаѓа Имамоглу.

ЦХП, главната опозициска сила во Турција, вчера одржа партиски избори за да именува претседателски кандидат.

Имамоглу, главниот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше единствениот партиски кандидат.

Градоначалникот вчера беше одведен во затворот Силиври, западно од Истанбул, заедно со неколкумина сообвинети за корупција.

Неодамнешното апсење на Имамоглу предизвика протести во Турција каде беа уапсени неколку стотици луѓе во девет градови.

Поддржувачите на опозицијата изјавија дека протестите ќе продолжат.

Поврзани вести