Skip to main content

Захарова: Европа оди кон самоуништување објави

Инстаграм/mzakharovamid

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Европа се движи кон сопствено уништување, што, како што рече, денес е „поочигледно од кога било“.

„Доколку некој пред некое време се сомневаше во тоа дека Европа се турка кон самоуништување – преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи – денес тоа повеќе не може да се негира“, изјави Захарова за Спутник.

Таа оцени дека, според нејзиното гледиште, падот на Европа се гледа преку зголемувањето на воените буџети и милитаризацијата, преку економската осиромашеност на западноевропските земји, губењето на културниот идентитет и историските вредности, како и преку, како што рече, „огромната миграциска криза“.

Изјавата на Захарова ја пренесоа и руските новински агенции РИА Новости и Спутник, кои нагласуваат дека нејзините коментари доаѓаат во момент на највисоки тензии меѓу Москва и западните престолнини од почетокот на војната во Украина.

Поврзани вести