Skip to main content

За прекин на огнот, Русија бара Украина да не се вооружува

 Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Мораме да размислиме за ова. Ова е нов развој на настаните. Имаме свој став“, рече Песков.

Тој истакна дека Киев не одговорил на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот за Денот на победата.

Русија бара Украина за време на прекинот да не се вооружува.

„Коалицијата на подготвените“ денеска во Киев го поддржа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина, а американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со санкции ако Путин не се согласи

Поврзани вести